трон (имн.) - и (сврз.)

Стрчавме сите, го попрскавме со вода, а логотетот седеше на својот трон и не забележуваше, или не сакаше да забележи што се случува зад него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кревале молитви: прва чаша - за чесно евангелие; втора чаша - за чесна крста; трета чаша - за чесна петраила; четврта чаша - за света потира; петта чаша - за: пејпетле, за ојлуле, за здравица, за здрамица, за божји трон и - за длабок сон...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)