Оној што потпишува не го гледа тоа прераснување на „јас“ во „ние“, оти тој пред себе го има само својот формулар, па помислата дека истиот текст егзистира истовремено и со друг потпис му е сосема надвор од „видното поле“; во таа „стеснета“ перцепција и редукција на она општо „јас“ на сопственото „јас“, со име и презиме, се состои трикот на владеењето на власта со индивидуата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Андерграунд уметникот не е инфициран од трикот на мудреците да им биде записничар ниту го интересира да биде апологет на нечија тиранска биографија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Започна со сценариото на Квентин Тарантино (Reservoar Dogs), потоа вретеното почна да се врти: На Тарантино му беше доверена приказната, Стоун и неговите соработници Дејвид Вилоз и Ричард Рутовски се занимаваа со екранизацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Актерите се сѐ повиртуозни, камерата е постојано под агол, дречливите бои се спојуваат и судираат создавајќи визија на усвитена Америка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Освен што, нормално, Стоун не ви допушта да останете назад. NBK го “дрпнува” секој можен визуелен трик на авангардното и меинстрим кино - морфинг, проекција наназад, успорени снимки, анимации и пиксилации - и во два делирични часа ви ги фрла в лице како лушпи од портокал.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)