Но, колку помалку пишував на нејзиниот, мајчиниот јазик, таа с повеќе се оддалечуваше од моите соништа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мојата Мајка, тихиот градинар на моите последни соништа, на нашата заедничка градина на тишината, идеше често и милозвучно ми зборуваше со зборови кои не постоеја во ниеден друг јазик, зборови на јазик на само нас двајцата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но добро знам дека пред ,небескиот трибунал ќе нема доволно храбри адвокати кои докрај останале независни, поради големи гревови на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И така пред ,небескиот трибунал ќе морам да си се бранам сам, како што тоа го чинев кога пишував на земјата на двата јазика на мојот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)