Тоа најмногу се почувствува во изразите на лицата кај моите пријатели од Париз, на кои веднаш се отпечати носталгија по родниот крај додека со трепет во душите ја слушнаа песната и ги гледаа македонските пејсажи од Преспа, Охрид, Битола...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Внимателно ја слушаше плочата. Камилски им се восхитуваше на големите композитори, но размислуваше што можело токму на јаничарите, кои влевале со векови страв и трепет во Европа, и на нивниот марш кој влеваше страв и трепет кај противниците, да им посветат свои композиции и тие долго време да бидат изведувани на европските музички подиуми?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Трепетот во неа беше толку голем што пред да изговори длабоко воздивна наполнувајќи ги своите гради.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сакаше да чуе, но не чу; клекна со трепет во вилиците, набожно се згрчи стискајќи го увото врз градите на убиениот. Го чу само своето дишење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Боб почувствува како му доаѓа трепет во гласот, и го обзеде бран самосожалување.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По додека ќе трае“, му рече со сосема благ трепет во гласот, како да се чувствуваше виновна за тоа што го рече, а сепак го рече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа надоаѓаше, заедно со стинеењето на неговото тело, заедно со нездржливиот трепет во вилиците, што сеќаваше како му се гнезди и во секој негов дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И заедно со тоа меко, но трпко полазување на тагата еднаш тој мораше да се разбуди во сеќавањето за потоа целиот тој ден, до последниот трепет во него да го стиска тоа во себе, за на крајот да мора да го каже докрај она, што имаше да го каже. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Полека, со трепет во гласот реков: - Ти си апаш.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Лесно го препознав и нејзиниот ракопис на пликот со кој беше испишано моето име и презиме, адресата. Се гледаше напорот да биде ракописот што поубав.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го отворив писмото со лек трепет во душата. Го очекував одамна овој познат ракопис, кој лесно не идеше, но кој беше дел од мојот идентитет кој со мојата оддалеченост бавно го губев неповратно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговите исчезнувања се објаснуваат на стотици начини, трансформирани во фолклор, успивни приказни, суеверија...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)