трем (имн.) - на (предл.)

И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Промената не ја гледаме но таа веќе се случува голема прво во нас потоа насекаде се случува таа неизбежна како судбина под премалениот трем на попладнето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човечето биеше матеница во бутинот, пред тремот на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Седиме во тремот на една суниска селска куќа, а месечината се истура озгора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бевме засолнети со Загорка Пеперутката во тремот на пералната и го слушавме врнењето на дождот кога се појавија иако пред тоа ниту во еден момент не бев помислил на нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
1 Оваа ноќ на твојот трем на небото од бршлен навраќаат ѕвезди Зад благите огнови оваа ноќ Зад летните ѕвездени огнови живеат сенките на твоите прсти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Исчезнување на зборот или заминувањето на сонот од тремот на песната. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Иако не може точно да види, нејзе ѝ се причинува дека од спротива, недалеку од пумпата во дворот, од тремот на сниската куќарка, грдиот Радуле и неговата држанка Стојна како да ја исмејуваат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одиме така по куќи и исправаме. Влегуваме и во тремот на Дуко Вендија. Дуко наспичува колца и пуфка со цигарата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)