Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во утринското сивило, куциот самовил, со извежбан, молскавичен удар на десницата, ќе му ја пресече главата на момчето- змија. Тревата ќе посини од крвта.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Ќе паѓа и црн дожд, и црна магла, и црн ветер ќе дува, и црно сонце ќе грее, и црна трева ќе расте, и црни цутови ќе цутат, штом чадот не запира...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе ги закопаш колената в трева ќе се потпреш на лактите и ќе го пикнеш клунот во брзакот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)