тргнување (имн.) - на (предл.)

Му закажаа на Змејко дата за тргнување на 17 август.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наближи време за тргнување на возот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Почетокот на тргнувањето на времето, со што оживува просторот, е како кога седиш на воз пред тргување па си се заборавил и не си забележал кога возот тргнал туку одеднаш сфаќаш дека возот, иако полека, сепак почнал да се движи и неколку мига не знаеш дали возот те влече напред или просторот се истргнува од под возот наназад.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога сѐ беше подготвено за тргнување на пат, баба толку се нажали што очите ѝ се насолзија. „А што ќе прави малечково без мене? Како ќе се снаоѓа?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со тргнувањето на Нова Година Втор од земјата Дардаванија кон далечниот југ, се упати и најголемата композиција на дароносни санки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама така ќе ја направиш таа работа што тој да запамети оти што пред тргнување на војна легнал со тебе. Мутлак треба така да направиш, ѝ рекол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прегледот на куферот бил извршен површно и брзо и, тукуречи пред самото тргнување на “Гвадалкивир“, Манасов се нашол на неговата палуба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Барав овде да ми изминат часовите до тргнување на возот, но ресторанот бргу се испразни па и јас повторно се најдов на улица и тргнав пешки кон Ахенската станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)