традиција (имн.) - и (сврз.)

Во нивниот бит, во нивните меѓусебни општења, во верската традиција и празнувањата, многу нешто се задржало од паганските славјански времиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се поздравуваат со Дај Бог, често се крстуваат со Перун и Митра, во нивна чест, во чест на овие старославјански божества, садат перуника и ги виткаат портите, вратите и прозорците на куќите со зеленило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту Кирхнеровата, 1906 г. напишана и в дрво врежана програма за „Мост” не проповедаше доследно некоја естетика, туку само со нагласен патос ја повикуваше младината да ја отфрли традицијата и „природно” до создава од сопствените побуди. (...) Не треба да се менува само уметноста, туку севкупниот живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Значи, во текот на последниве 25 години односите помеѓу Бугарија и Македонија почиваат не врз почва на еднакви традиции и задачи, а на чисто трговска основа т.е. едниот го експлоатира другиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Учените, аристократијата, интелигенцијата и воопшто општествените класи, каде што се имаат лични интереси, стари традиции и предубедувања, се борат со новите течења, каде што се наоѓаат вистината и правината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што зависиме од една особена традиција и што сме обликувани со нашата национална припадност е факт пред кој отсега не може да се биде слеп, но тоа ни во еден случај не може да стане вредност за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во мошне значајниот и во повеќе насоки инструктивен есеј „Еден опит“ со трите поднаслови... „за традицијата и иновациите“, „за откривањето на песната“ и „иднината на поезијата“, Блаже Конески ја сподвижи теоретската размисла за посебностите на индивидуалниот творечки опит кај нас, што може да биде од посебно значење и не само за македонската литературна историографија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога го прашуваа: што во тебе е преостанато еврејско, кога го имаш напуштено сето она што на твоите сродници и тебе ти било заедничко – и религијата, и националното чувство, и традицијата и обичаите, тој одговараше: „Она најсуштинското.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никогаш не кажуваше што е тоа, но се подразбираше: крвта, она што не може да се смени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хуманистичко стојалиште каде се негува спојот на традицијата и напредокот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во XX век, во нивниот бес да се пресметаат со природата поради наводната индустридолатрија, капиталистичкиот, фашистичкиот и комунистичкиот систем ќе настојуваат дефинитивно да ја победат козата, зашто таа претставувала продолжување на традицијата и носталгијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)