Признавањето на заедничката врска меѓу жените е почетна точка за феминистичката свест и тоа го запечатува пактот меѓу жените.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Велат го возвишиле во некаков важен службеник. Издавал точки за штоф.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како што му појасни Дејан, можно е групата да ја формирал и самиот Петар, затоа што имал потреба од стартна точка за неговата кариера.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
А во Соколаната организирал приредби. Дури и филмови прикажувал. Богами!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Меѓутоа, ваквата препоставка брзо отпадна кога, минувајќи низ големиот плоштад „Конкорд“ и упатувајќи се кон „Сен Лазар“, една од невралгичните точки за сообраќајот во Париз, со моите скопјани забележавме дека улиците се преполни со полицајци, со толку многу полицајци што во еден момент, ако не ги препознавав во униформите, ќе помислев дека се војници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)