И појдовме кон гимнастичката сала; внатре имаше една скала и јас ја зедов и ја изведов точката без грешка: еднаш, двапати, трипати, со раширени раце се качував од едната страна на скалата, а слегував од другата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така, држејќи се во каква - таква рамнотежа, како одненадеш испливан средорек по секнување на поплава, небаре гранична плута што се додржува до замислената точка без да дозволи брановите да ја одвлечкаат на едниот или спротивниот сув брег.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)