топлина (имн.) - му (зам.)

Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Една игла се зари во надлактицата на Винстон. Речиси во истиот момент блажена, лековита топлина му се разли низ целото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По тоа се разнесе тихиот длабок глас на стариот учител, којшто со татковска топлина му говореше на Павлета: - Велите, досадно и пусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Седеше и се грееше, но набргу од топлината му се приспа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)