Ја гледав како прв пат да ја гледам: нозете ѝ беа необично долги и складно пополнети, со правилни облини кои повторно го раздвижија кај мене за миг замрениот механизам; првин морници ме полазаа по снагата, а потоа бран топлина ме облеа, како плиснат пламен од градите кон лицето, на челото, по темето; се испотив и речиси во истиот миг потта ми олади, се здрвив.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И се смирив и се радував затоа што со толку голема добрина, нежност и топлина ме прифатија и ме чуваа како нивно дете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)