Користејќи го таквиот хаос и аморфност за “свесно да го затопли студениот, успиен облик од минатото, општествената конвенција”, на пример концертното пијано, Бојс го вратил во формативниот период и ја ослободил топлината што била кристализирана во него, откривајќи во него нов живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но ниедно тело никогаш потполно не ги задоволувало очекувањата: никогаш не можел да се почувствува доволно топло во било каква кожа, а посебно не во онаа која му ја подарила природата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Користејќи ја уметноста за да се ослободи од животно-порекнувачките трауми што ги претрпел, но не одречувајќи ја нивната вистинитост (овој тип на активност го прави таканареченото уметничко „одуховување на животот“, што е една фундаментално репаративна задача на уметноста), Бојс се враќал кон праисконските извори на топлина, то ест, кон топлината на почетокот, топлина која во формативните фази на животот, го охрабрува здравото растење. 98 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во купето владееше пријатна топлина која уморниот патник го тера на протегање и дремка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Внатре владее пролетна топлина која се одржува со гасни печки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сфатив дека погрешно го проценив, само поради еден мал дел милост и топлина кои ги имаше во себе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Онаа топлина која некогаш беше само за една девојка со зифт црна коса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Допирот пробуди во мене бран топлина кој брзо згасна на другата страна од моето тело, во врвот на прстите од десната рака со која го држев маусот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мајката Перса од задниот дел на градината донесе малечко емајлирано ќумбенце и кога си дојде на своето место веднаш десно до вратата и кога се наполни со дрва, ја наполни одајката со топлина која чиниш доаѓаше директно од срцето на мајката Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чувствуваше бранови топлина кои ѝ ги грееја и телото и душата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја држев за рака крај креветот, небаре ја контролирав топлината која ѝ струеше низ телото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)