топка (имн.) - сало (имн.)

Погледна кон улицата и за последен пат ја виде својата љубена претворена во топка сало како со огромна брзина се тркала некаде далеку.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Секоја вечер Ќ ја сонуваше Земјата како огромна топка сало која се врти околу својата замислена оска, како да трча на подвижна лента за да ослабе.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Месечарењето на Ќ заврши сосема неочекувано, кога една вечер ја сони Земјата како топка сало што речиси не се врти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)