И покрај амбивалентниот тон во кој е пишуван овој текст може да се насети главниот парадокс: дека ликовниот живот во Македонија е разновиден и богат со нови појави, но дека тој сé уште не е структуриран на ниво на ликовна сцена во вистинското значење на зборот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Додека зборуваше за убиства, самоубиства, венерични болести, ампутирани екстремитети и изменети лица, го правеше тоа со тон во кој се насетуваше благ потсмев.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Почувствував дека А.А. го менува тонот во малку задоцнетиот одговор: - Одите пребрзо со вашите заклучоци...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Животното во тебе… Она реткото, рисот!“ ми рече со зајадлив тон во гласот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Имаше необично долги брадавици со по неколку влакенца по страните, расфрлани во чоколадно кафеавите кругови порабени со нешто посилен тон во бојата што реско ги изделуваше од тенот прелиен на останатиот дел од цицките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Постојат седум самогласки, токму како и седум планети, седум сфери, седум жици на лирата, седум тонови во октавата, седум музички модуси.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На трагата на религиозното чувство Кроткиот тон во кој веруваме, и потрагата по вистинитоста која ја надраснува и самата стварност, нѐ внесуваат во еден ексклузивен раскажувачки свет во кој царува онаа старовремската побожност која со векови била стожер на нашето битие.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Покрај споменатата група за божјаците, среќаваме раскази од фолклорен карактер, раскази со поткренат тон во духот на „магискиот реализам“, класични раскази базирани врз некоја случка или лик, кои по правило имаат изведено значење, алегории и параболи од разни видови (кошмарни, поетски) и со различни содржини, анегдоти и др.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Дете!“ му рече со добронамерен, шеговит, но несериозен тон во којшто всушност како да немаше забелешка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Петра стави нова касета народни песни (сега македонски) и го свисочи тонот во звучниците.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Ах, Петре, црни Петре, му го збрлаи умо на чупето!“ му се сврте Костадин на Петар со прекорен тон во гласот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Со тепачки, или смешен? - ја прашав, повторно со истиот непријателски тон во гласот, иако бев веќе многу порасположен од пред малку.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Арно, ама – продолжи со тон во кој се чувствува голема неправда - им се здосади на комшиите, та ме пријавија во милиција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа, дури и лавна. Му лавна очигледно на господинот Гроздановски, но не со заканувачки тон во гласот. Предизвикувачки. Лавна како нешто со збор да му кажа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ќе те пуштат,“ ѝ велеше Клара, со истиот доверлив тон во гласот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Што си ти: дух или нешто слично? – продолжи со зачудувачки тон во гласот да прашува Еразмо, додека срцето од страв му биеше како лудо, чекајќи го одговорот на старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)