товар (имн.) - дрво (имн.)

Кога ќе му кладат самар на добитче, првниот товар дрва ќе го разделат „за здравје“ на комшиите, а кога првин ќе меси девојче буле, ќе го разделат исто за здравје, по комшиските деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имам дома еден товар дрва и ќе го однесам - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И за неполн час се направи карма од петстотини товари дрва.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Принабраа луѓето уште по некој товар дрва, но помина и Голема Богородица, а почна да се ближи и Малата, а Брчалото пак го нема да се врати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сите го прифатија предлогот од аџи Јанета и затоа први донесоа по цел товар дрва на Атпазар за да се изврши свирепата казна над двајцата осудени бунтовници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Та дури се понасмеа кога дојдоа Крсте и притропот Петре да ѝ кажат и да ги кренат тоа плачкуринките и некој и друг товар дрва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)