ткиво (имн.) - на (предл.)

Таа ласкава слика за геј- културата – на гејството како култура – не е сосема нова, иако нејзиниот пробив во ткивото на примените идеи што го сочинуваат здравиот разум на стрејт- општеството е релативно скорешен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Технолошко- корпоративниот напредок (фетишизацијата на времето) е натурализиран низ фразирање на јазикот, посебно со јукстапозицијата на различни елементи во фрази од тип на слогани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нив, фамилијарното и техно- туѓото е фразирано, лиризирано во гестуалното ткиво на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)