ткаеница (имн.) - на (предл.)

Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А од тоа, што ткаеницата на неговата сигурност во себе сега не беше достатно густа, и што честопати се чувствуваше пробиена, изрешетена, никнеше и таа притаеност и смиреност на неговите движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)