тишина (имн.) - кој (имн.)

Чардакот беше и големата лабораторија на Татковите балкански идеи, на неговата тишина која ферментираше во неговите ретки зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу полезен.  И гледај: На големата површина распослана покрај морето меѓу стелите и преполовените мермерни столбови се појавуваат слатки мечиња, берлински производи наполнети со слама и дисциплинирано маршираат меѓу плочите на гробовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се обидував да најдам поширока смисла, на речиси светата тишина која ги поврзуваше моите родители, во времињата кога идеолозите го заробуваа боg, кога националистите најмногу се колнеа во него, во напорот да си го зачуваат јазикот на тишината во комуницирањето со него!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога вревата на животот ќе се помешаше со тишината која ја негуваше мајка ми, таа ни велеше нам, на своите чеда, дека судбината најчесто вели молчи, навикни се на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Животот тивко се ронеше крај татковите книги, со нови прамени бела коса, во таа голема семејна архива на нашиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Царуваше во библиотеката тишината од татковите книги, тишина која содржеше повеќе вистини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и Индијанците оттаму требаше да бидат истребени за да се покаже едно минато повелелепно од антрополошкото: минералогија, геологија, астралност, нечовечкиот фактицитет, пресушеност која не остава место за вештачките норми на културата, тишина која не постои никаде на друго место.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нејзи­на­та многузначна тишина која ги криеше нејзините големи тајни, толку пресудни за истрајбата на семејството во бал­кан­скиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)