тишина (имн.) - го (зам.)

Во тишина го слушаат Словото Евангелиско...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Снегот, неначнатата тишина наоколу, спокојот што тишината го вселува в душа, сето тоа веќе не можеше да постои во мислите, во чувствата на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Паѓа ноќ, тишината го голта денот докрај.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Претседателот остана долго неподвижен, потих од темнината. Тишината го зголемуваше она во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овдека, во горниве одаи, а во склад со своето сфаќање на спахиското достоинство, агите, одлачени од семејствата со тесни, речиси вертикални дрвени скали, во мир и тишина го благуваа својот живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)