тешкото (имн.) - оружје (имн.)

Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Биле во окопот каде што било сместено тешкото оружје на Германците и неколку сандаци со муниција, заедно со Киро од нашето село (без него не одевме ударници и за него е отпеана песна на 11–тата бригада).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
4. Сојузниците ќе се обидат да достават колку што е можно повеќе воен материјал за оваа операција: противтенковско и планинско оружје, експлозиви, електрични запаливи фитили, муниција за нашата пешадија и тешкото оружје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Продолживме, повторно за Ќафа, облеков многу чорапи и повторно без опинци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тешкото оружје остана на Вичо и падна во рацете на противникот. Тоа не беше борба, ами колеж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овој пат денот ни беше наклонет, немаше магла, снегот малку се намалил, имавме искуство, селото се гледаше и кога се наближивме, тешкото оружје замина напред и почна борбата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)