тешкотија (имн.) - напред (прил.)

Го гледаш ли овој камен? – со раката покажа кон големиот камен со темно сива боја. – Кога човекот не верува во себе, тежи како камен на едно место, не може да се движи напред ниту да се воздигне; значи стои на едно место – продолжи старецот. – Кога верува во себе, тој е предаден на дејствувањето на природата, како пердув предаден на ветрот, лесен, се движи без тешкотија напред, па може бргу да достигне духовно визвишување – одговори, без да сети некаков замор од долгото зборување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)