тешкотија (имн.) - во (предл.)

И покрај новите тешкотии во зборувањето, тој си остана и натаму доследен на внатрешниот диктат на тишината...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговите симптоми се: екстремна стимулираност, забрзан пулс или забрзана работа на срцето, остри болки во градниот кош, тешкотии во дишењето, тресење, потење, грчење на мускулите и воопшто вкочанетост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имаше големи тешкотии во новата комунистичка земја да се вработи во судската професија, макар што во голем недостиг на судски кадри работеше во еден краток период како судија во општинскиот суд на предмети за шумски деликти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка остануваше верна на татковите одлуки, макар што најчесто таа ги доживуваше најголемите тешкотии во нивното спроведување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Селаните не мрднале со прст да му помогнат во тешкотијата во која се нашол сега. Но има уште.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поради тоа настанува тешкотија во нашата определба што всушност подразбираме под нефизичко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За да не бидам погрешно разбран, мислам дека треба да се напомене оти нашето сфаќање за менталните состојби како нефизички произлегува од таму што нашето познание ни покажува дека тие едноставно не личат на стандардните случаи на физичките објекти или процеси што ние ги познаваме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зигмунд ми кажа дека Фридрих Рихтер ѝ давал часови по цртање во другите денови, затоа што Сара Ауербах имала тешкотии во одењето, а нашите часови по цртање повеќе беа игра, брканица, криенка-миженка, а помалку совладување на цртачката вештина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Играта требаше да го исцели Рајнер, но тој остануваше подалеку од другите деца, подалеку од сѐ на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тој начин сите ужаси, страдања и тешкотии во животот се одредени да бидат избришани; животот по смртта, со кој се продолжува нашиот овоземен живот, ни носи на сите нас совршенство кое овде го пропуштивме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се накашла. „Треба ли да веруваме во ваквите инфантилни претстави?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ сите тешкотии во животот, големи или мали, уште од детини, вешто, ама повешто не може да биде, се провлекувал, напредувал во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Една од главните тешкотии во усогласувањето на нашиот свет од симболи и правила со реалниот свет на набљудувани факти е вечно миголивата природа на јазикот, без оглед дали тој е математички или некаков поинаков.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)