Да бидеме помалку апстрактни, да споменеме неколку примери на значајна употреба на електронската технологија во сегашната медиска уметност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Навистина необично, но 69 годишниот Фаерабенд, секогаш и се измолкнуваше на јавноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дури и пред да се повлече во 1990 од универзитетот Беркли во Калифорнија и од сојузниот институт за технологија во Цирих, каде што држеше поврзани состаноци, тој ретко прифаќаше интервјуа - дури ретко и одговараше на телефон.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Пјерс беше резервен офицер и имаше дипломирано на Институтот за технологија во Масачусетс.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Книгата и филмот вообличија еден тврдокорен стил, тие беа неверојатно внимателни во изразувањето на деталот, и ја вклучија технологијата во сето тоа, во манир невообичаен за научната фантастика: Ни насочен технофилиски (како многумина во „Златното доба” на СФ-от) ниту технофобиски (како „Новиот бран”) киберпанкот не е зависен од технологијата туку оди паралелно со неа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Грег Беар (Greg Bear): „Нашето разбирање на науката и технологијата во осумдесеттите и во деведесеттите многу е променето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не можеше, а да не се забележи како дојденците вртат со главите гледајќи по ѕидовите и во ткаените таписерии, плетените „витражици“ на секое нешто што личи на стакло и огледало, па дури и гарнитура нацуцулена на машината за перење алишта „Ободин“, како врв на технологијата во нивната куќа, нормално ставена во претсобјето за сите да може да ја видат и веднаш да знаат дека во оваа куќа не се пере на рака.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
—Високиот степен на користени технологии во Заливската војна ја направи оваа војна 110 Margina #17-18 [1995] | okno.mk прилично посебна, иако процесот на де-реализација започна уште 1945-та.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој го славеше животот, играта на мудрите деца, еротската енергија, демонските конфронтации. Barry Blinderman ја опиша природата на Китовата игра како „халуцинантен спој на биологијата и технологијата во нашето сè повеќе кибернетичко општество”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Со измената и дополнувањето од 2002 година во поглед на правата на работниците, додадено е правото да учествуваат во планирањето и воведувањето на нови технологии во однос на последиците од избор на опремата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Наместо дотогашната одредба според која работникот имаше право „да учествува во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина, да учествува во планирањето и воведувањето на нови технологии во однос на последиците од изборот на опремата, да предлага преземање на нови или подобрување на постојните мерки за заштита при работа со цел да се подобрат условите за работа, организацијата на работа и заштитата на здравјето и безбедноста на работниците во процесот на работата кај работодавецот (чл. 45, ЗЗР), ЗБЗР ја содржи одредбата според која „право и обврска на секој вработен е да дава предлози, мислења и забелешки за безбедноста и здравјето при работа на стручното лице и овластената здравствена установа“ (чл. 38, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Оваа физичка раздвоеност создава необична технологија во свирењето која звуците ги спојува на природен начин на кој се тие споени во полето, на улица, или во куќите и зградите.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Вистинската антиархитектура, не онаа од Акросант, Аризона, која ги обединува сите меки технологии во срцето на пустината - туку, онаа, дивата, нечовечната тука, во Њујорк, се создала сосема сама и не земајќи ги в предвид домот, добросостојбата или идеалната екологија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
До каде стигна интернет технологијата во лет Да ги отфрлиме старите помагала низ цел свет Плочки, рачуналки, дигитрони и пенкала се по вода сега, сега во тренд е друга мода.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Знаеш, професионално сакам да се информирам за мојата специјалност: термалните води, примена на чиста технологија во користење на енергијата што е тесно сврзано и со заштитата на воздухот, водата и почвата.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)