тесто (имн.) - на (предл.)

Овдека, вапери сме ние, му велам, а војникот го собира челото, образите, размесува некакво тесто на лицето. Си прави ситни џебурки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Миризбата на печеното пиле и тестото на тикушот допре и до ноздрите на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак си во право, да го оставиме овој разговор за други времиња, да се вратиме на османскотурските заемки, кои се употребуваат до денешни дни за означување разни солени и слатки јадења, како и пијалаци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воздухот небаре се загадуваше од тоа тесто на подбив и напернатост, плитки смешки и срамен кикот, наменет за врзаните и нивниот разголен пол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)