Тој со занес зборува за топлите дланки на Ана, (топли како најслатко печено), за непостојаните форми на тестото во нејзините прсти; за нејзината насмевка и одразот на насмевкава врз надворешниот изглед на пицата; за состојките додадени на тестото што наеднаш ги губат посебностите во корист на целината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А кога ќе видевме живите мајчини прсти како го извиваат тестото во незамисливи облици, ние, заборавајќи на гладот, излегувавме охрабрени во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас стојам над него со засукани ракави и со тесто во рацете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А, всушност би „растел” како тесто во квасец и би ме изнервирал со нескромноста толку многу што никогаш веќе не би ми паднало на ум да му оддадам такво слично признание.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)