тестамент (имн.) - на (предл.)

- Значи, сиџилите, Татко, - се обидов да ја коментирам неговата мисла - се незадолжителни тестаменти на идентитетите на балканските народи во отоманското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Куќава“, вели, погледнувајќи наоколу, „ми припаѓа мене. Со тестаментот на татка, јас сум стопан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Последната збирка песни која ја објави Махмуд Дарвиш беше Трагата на пеперутката, еден вид тивок поетски тестамент на едно монументално поетско творештво со универзални вредности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тешко е да се пишува за поетот, кој од зборот прави уметност која го брани човековото достоинство, ќе рече еден арапски поет за Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Во тестаментот на Ханс стои дека земјата не смее да се оттуѓува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Баба замина во 1937 година ненадејно во Цариград, според упатството на нејзиниот прв братучед Али Фети Окјар, тогаш амбасадор на Република Турција во Англија, за во една турска банка да ги подигне парите кои ѝ биле оставени со тестаментот на нејзиниот татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На 4 март 1946 година му се обрати на посочениот Сејфула Малешова да посредува кај албанските власти за да се исполни тестаментот на Фаик Коница.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)