Да не ни беше згадена било каква помисла на оружје по босанскиот крвав пир (чии инспиратори беа исти такви типови ко што сте вие наутро во огледалото, со вашата грижа за “сопствената нација”, семејство, а пред сè за вашиот дебел г’з и чувство на комфор) може и ќе игравме некаква игра видена од италијанските и германски “леви” терористи во седумдесеттите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Прв пат се споменуваат во една историја како страшни терористи во областа на Делхи, 1290 година, па понатаму сé до уцврстувањето на англиските колонизатори, во првите децении на минатиот век.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)