термин (имн.) - на (предл.)

И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, додека димензијата радикализам-конзервативизам може директно да се интерпретира во термините на вредносните системи, димензијата демократичност-тоталитаризам го подразбира и ставот кон државното уредување, односно определувањето за одредена општествена форма на уредување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Би било интересно да се размислува за овие нешта во термините на Витгеншатјновиот дискурс на јазикот, антропологијата, и сфаќањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Убеден сум дека Бојс покажува дека само низ уметноста може да проговори тишината на ништавилото и сѐ што егзистира а е различно од човекот, природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои феномени, како оние кај фотоелектричниот ефект или спектроскопијата не можат да се објаснат во термини на микрофизиката и бараат редефиниција на физичките теории.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во информатичкиот период, еволуцијата е дефинирана во термини на мозочната моќ. • Способност да се управува мозокот: да се активираат, унапредат, вклучат, досегнат невроканалите; • Способност да се реформатираат и ре-едитираат мисловните фајлови; • Способност да се примаат, процесираат, испратат пораки со брзина на светлината. • Способност да се комуницира во мултимедијален мод; да се создадат аудиографски речници и граматики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бојс го бараше овој универзален јазик во уметноста. Тој не беше езотеричен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ЧЕТИРИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ (СВЕТЛИ) КУЛТУРИ И КОНТРАКУЛТУРИ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)