тераса (имн.) - има (гл.)

Пред дрвената куќа, на поплочената тераса имаше електрична скара.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Денес купив брокула и лимони на терасата имаше нови саксии- земја, зелени разјадени листови и знаев: ти беше мојата Араукарија.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На терасата имаше повеќе скари за станарите од зградата и голема трпезарија комплет опремена, каде што ја јадевме вкусната риба и пиевме вино од регионот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)