тенденција (имн.) - на (предл.)

20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но за време на Термидорот, кога се враќа на власт соборената класа, настапува враќање на старите реформи, со зајакнати тенденции на јазичен пуризам!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Слична разуздана отпуштеност се надоврза Камилски ќе биде забележана во употребата на рускиот јазик во постреволуционерна Русија, но до вистинска револуција во рускиот јазик ќе дојде кога Сталин ќе стане неприкосновен владетел на СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Замислете серија од сѐ на сѐ дваесеттина вежби за длабоко дишење, како кога вежбате јога, претпоставувам, кулминација која ќе биде комплетно збогување со сиот бол, со сите стравови, неврози, желби, и сензација што сѐ повеќе те обзема и која носи чувство на севкупност и сигурност. Вдишувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, пак, покрај психолошкиот одвраќачки ефект, ваквата драконска казнена политика може да има и спореден контра ефект – судовите, знаејќи дека ова е престрога казна за одреден прекршок, да се воздржуваат од изрекување на глобите, што секако, повторно, ќе биде на грбот на работниците. в) Со носењето на новиот ЗРО (2005) продолжи тенденцијата на ублажување на казните за работодавачите, што подоцна беше „поправено“ во обратна насока: 63 •  наместо класификацијата на две групи казни за работодавачот – од 50.000 до 250.000 ден. и од 30.000 до 200.000 ден., кај казните за точно одредените прекршоци (чиишто број, патем речено, порасна од 23 на вкупно 31 – што секако е за поздравување), се променија износите – така што минималната граница се зголеми двојно, и сега изнесува 100.000 ден.; но, од друга страна, пак, максималната граница се спушти и сега таа изнесува 200.000 ден. (чл. 264, ЗРО/05); •  ако работодавачот е физичко лице, казната за наведените прекршоци изнесуваше од 5.000 до 7.000 ден. (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За државната тенденција на ограничување на уставнозагаранираното право на штрајк види повеќе во истражувачката студија Штрајк – искуства 131 и состојби [уредник: Здравко Савески]; ДСП „Ленка“ во соработка со RLF; Скопје, 2011. 3.  Во ЗП/06, кој почна да се применува од октомври 2007, се содржани вкупно три члена за правото на штрајк (чл. 106 – чл. 108).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)