Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)