Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Свеќи не најдоа, ама кандилката што се палеше секоја недела висеше во аголот на одајката и сега додека не се донесоа свеќи таа му гореше крај главата бркајќи ја вечната темнина од неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Таа вечер, враќајќи се низ ходниците преполни со темнина од прегорените сијалици, потскокна кога од сенката пред нејзината врата се оддели машка силуета и направи чекор кон неа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)