темнина (имн.) - се (зам.)

И во секој ден така, во секој ден... Темнината се загнезди во нивните очни јами, ги ослепе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Србин мирно посматраше како темнината се одронуваше од стварните облици на поединостите во пејсажот пред него како роса, капка по капка, поронува некаде в земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во темнината се појави фенер. Вознемирени силуети се распрснаа и се притаија во неосветлените агли на каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заплиска пороен дожд Дожд од солзи... Во сенката од пеколни воздишки, Плачеше и темнината Се гаси и последниот фенер во ноќта, Под сенката на мракот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Темнината се витка, трепери и се раскинува во плашливо буричкање со светлоста од свеќата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)