Нивните огништа ги нема; ги нема и селата - ги нема и по име и по куќи и по луѓе... и темелите ги нема... некои други имиња носат и некои други луѓе свои огништа направија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Според многу теоретичари, 11 септември ефективно ги потисна (уништи?) сите надежи за свет без граници и „до темел ги промени глобалните режими на мобилност и начинот на кој државите ги обезбедуваа своите граници“.61
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)