теме (имн.) - на (предл.)

Колку различни типови има во оваа професија, помисли, додека пред оголеното теме на таксистот (Гласот баритон / интелектуален лик / по сила – шофер) бришачите рамномерно се поклонуваа ту кон едната, ту кон другата страна на шофершајбната, како да ги подбутнуваа тромавите задници на побавните автомобили.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе се најгоре, на самото теме на тумбата и токму помислува Пелагија дека тука на оваа највисока точка дедо Костадин заслужува да биде закопан, кога поворката запира пред веќе ископан гроб, а од средината на селото се огласува големата камбана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој, јавачот, сѐ уште свиткан во појасот и со стиснати коленици на шарените коњски ребра, извлекол од канија, невидлива од темната боја на беневреците, крива сабја што под удар на сонцето се распрснувала во зраци и, кревајќи ја високо, се исправил, се протегнал со една рака, со сета тежина се потпрел на зенгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„...Нам, на машките ни беше доволно да се сетиме на неа и да ни се крени нешто по кичмата нагоре и да ни заигра до под темето на главата. Ебаго... Сакаш лице, сакаш глава, сакаш става...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)