И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Значи на претставата на која неволно птисуствував спомнатата ноќ доктор Пачев се појави на сцената за да му ја отсече со пила едната рака на заплетканиот атлетичар па неговото тело наеднаш се ослободи од замрсената положба а раката којзнае како се врати на своето место.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И додека доктор Пачев, одушевен од резултатот на операцијата што веројатно и самиот не го очекувал, се поклонуваше на сите страни и тоа толку ниско што со челото го допираше трињето во арената, атлетичарот се смееше, грлено се смееше и ги поздравуваше со раката што до пред малку се чинеше отсечена.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)