тело (имн.) - му (зам.)

Следното такво подрачје каде што на виделина излегува темата на телото е комплексот прашања поврзан со технолошкиот развој кој телото го опремува со надворешни помагала, продира во него, ги надоместува или подобрува неговите расипани делови, дури може и генетски да го промени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓу другото, Спиноза го отфрла оптимизмот на Декарт спрема моќта за овладување со телото; на телото му доделува сопствен динамизам, односно стремеж кон зачувување на сопствената егзистенција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Внатрешноста на телото му нудеше простор на еден артефакт којшто со помош на видео технологијата на далечина ги пренесуваше сликите на телесните простори.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најпосле треба да се спомене и вниманието коешто на телото му го 36 okno.mk посветуваат различните гранки на антропологија, етнологија и етологија, а сите се во голем процут. ÂÂ Дали телото ја загуби моќта на делување и стана имагинација и репрезентација на моќта? ÂÂ Човековото тело во текот на човечката историја, од стојалиште на биологијата, одвај да е променето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Етиката на Спиноза Маргина 37 35 можеме да ја читаме како критика на тие Декартови решенија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наспроти тоа моето тело му одолеа на таквото сознание.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јаков чувствуваше дека телото му е топло и од кожата, му се стори, му испарува преостанатиот дел од дивите мириси на Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некое чудно чувство набабруваше во него, телото му е напнато, сè е затегнато во него, мислиш ќе се скине нешто, а нозете му потреперуваат, дишењето му е забрзано и шумно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иверки летаа, челичното сечило на секирата го длабеше жилавото тело на дрвото, а Бојан како да не беше свесен што работи, удираше, бревташе, а од телото му се креваше пареа како од варен компир.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Америка во својата идеологија на телото му го укинува правото на неговата карневалско- гротескна амбивалентност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Американската идеологија на телото му го укина, имено, на тоа предизвикувачко тело, правото на дружење, на неговата сексуална функција, му го укина на тоа привлечно тело - правото на сексуална привлечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој ѝ го гребеше поработ на здолницата, телото му беше мрзливо истегнато, а жолтозелените очи му беа вперени во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој замижа и ја виде неа како му се дава на другиот маж, нејзиното вито тело му ја предаваше својата белина и еластичност на другото тело, нему му ја даде сета префинетост, која тој ја сметаше само своја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почувствува како телото му трепери од нејзиниот повик и од шокот на ненадејното будење и следниот миг знаеше дека таа не беше ни на креветот, ни во собата, или каде било во куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гуштерот со своето светликаво тело му ја даде првата најава за поширокиот свет, и како во сон му ја сугерира визијата за тропските предели и џунгли, кои беа населени со фантастично обоени живи суштества.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму го имаше здобавено она чудовиште што целото тело му беше отрпнато за секаква повреда.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Телото му беше направено од црн бисер, а нозете од златни нишки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ќе нема старост, зошто телото му умира независно од постоењето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По целото тело му струеше чудесна свежест.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа што ова беше љубов, а телото му беше само орудие, само начин да ја сака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Љубовта што две тела му ја даваат на едно мало, ново телце, со кое се поврзани преку „крвна врска“ („еве ја пак биологијата!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега телото му беше исто толку студено и туѓо оружје колку и таа пушка што ја носеше веќе со месеци.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се проѕеваше, а по целото тело му мина еден бран млака сонливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рацете и телото му затреперија како на светец кој ги започнува своите неразбирливи молитви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едни таму виделе жена, која била млада, угул гола и која се покривала само со косата, црна како капинка, други, пак, велат дека таму имало еден ливод, кој личел на светец, со брадулче, но телото му било долго, голо, обрастено само со мов, со опашка, дебело и без нозе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Целото тело му се стегна додека тројцата другари ја истурија во исто време својата сперма врз лицето на дебелата Симона.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Уште додека разговараше со О'Брајан, кога го сфати значењето на неговите зборови, низ телото му поминаа ладни морници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите клучни делови од телото му беа блокирани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По овие мои зборови на Лари пена на уста му надојде, очите му испаднаа од лежиште, а телото му се нафрли со ситни пликови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Куќата личеше на осакатен човек испотпиран со патерици: телото му е скапано, а сѐ уште дише...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бонети ја фати и почна да ја повлекува кон себе, но таа замавнувајќи силно со рацете и телото му се оттргна и избега.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можете да го избришете значењето на актот на ставање пенис во вагина, во уста, чмар, или под пазувите, но ако на интимното соединување на две тела му дадете значење поголемо од јукстапозицијата на два епидерми и мукози, ќе се најдете во царството на страста, и тоа нема туку-така да можете да го занемарите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во западниот свет уште од првите записи имало оргии и неограничувачка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Телото му се празни, беспомошна луспа што се крева, се клати лево-десно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Прдешката му го затресува целото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лицата на градот врвеа немо, како риби, изгнасени со злите навики и похотатата на инсекти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целото тело му се истиснува низ курот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Магвампот се лула на неговиот задник, телото му се грчи во флуидни бранови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Остро гомно му излетува од газот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Болка како штракање со забите, но слатка, му проструи низ вратот и низ рбетот, сѐ до препоните, а телото му се грчи од задоволство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истовемено, немирот во телото му ја обликуваше несвесната и необликувана желба за љубење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По целото тело му разлеа некоја милина за којашто стравуваше дека може да го напушти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Малечката веќе се задеваше: ги прекрсти рацете на навлаката зад неговите плеќи и толк ми се ближи со лицето што авторот зад уво чувствува врачечка топлина од којашто целото тело му го обзема милина и желност, си воомјазува како ја држи во прегратка, ја навира...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо имаше чувство дека телото му олеснува сведувајќи му се на пердув, чиниш сега беше оној момент кога пеперутките би можеле да го понесат својот кршкав лет, а потоа како истото тоа негово тело некаде длабоко одвнатре да му се дроби во ситен песок што се рони.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)