Устата ми се исуши, а телото почна да ми трепери.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Очите на змијата, како скапоцени камења, без очни капаци, што не трепкаа и хипнотизираа, неколку минути останаа фиксирани на Милана, а потоа полека мекото тело почна да се одмоткува и да се лизга меѓу ластарите за да исчезне на другата страна во џунглата од растенијата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ја засеков гранката, се заниша таа и од тежината на моето тело почна да се ведне.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
На сличен начин, нашето животинско тело почнува да станува загадено.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој повторно замавна и за миг телото почна да му балансира стоејќи на прсти, и потоа токмакот пак се спушти и другиот блок се превте на земјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Спокојот на исцрпеното тело почна да ѝ се враќа дури по третата доза црвена животна течност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И полека во неговото тело почна да се всадува едно ѓаволско чувство на сопнат, чекорите му стануваа сѐ покуси по таа нагорничавост, а по лицето му израснуваа ситни студени монизда пот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Исправајќи се, нејзиното китно тело почна да се издолжува, да се извишува.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)