тело (имн.) - е (гл.)

Ти зборував ли за оној тип што го научил својот чмар да зборува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Човечкото тело е скандалозно неефикасно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговото Величество Тело... Доаѓам од земја во која телото е само евтина мета.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Една од логичните претпоставки која произлегува од американскиот систем на пореметени функции на телото е - канибализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи телото е вечно. Само духот е минлив. 172 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе не е сигнификантен полниот однос на мажот и жената, туку интерфејсот меѓу човекот и машината. Телото е застарено.“ 40 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не се работи за зачувување на човечкиот вид преку репродукција, туку за тоа да го степенуваме индивидуумот преку нов проект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Раздвојувањето на сопственото јас од телото е болен процес и болниот очајнички копнее некој да му помогне да ја залеми пукнатината, но тоа раздвојување тој истовремено го користи како основно орудие за одбрана.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Додека газеше низ плевелот, си го слушаше дишењето, како му свири низ носниците, и тогаш сфати дека целото негово тело е во еден вид бунт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што се однесува до мене, јас сум материјалист на телото, што значи дека телото е основа на сета моја работа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа задирање (на пр. сегашните расправи околу клонирањето) ја наметнуваат претпоставката дека телото е само феноменален облик на нематеријален генетски код. Маргина 37 37
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден од најчестите перформативни простори е самото тело, телото кое се изложува, сецира, се снима однатре, се мери и станува сцена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Генетската манипулација е нешто сосема друго, нов степен на биотехнолошко задирање во телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Самата присутност на друга човечка чувствителност повлекува мноштво значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото е приморано на нужното прифаќање на есенцијалната интерсубјективност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колку телото е способно да го изрази или репрезентира субјектот доколку го замислиме како простор за негова изградба? ÂÂ Без визуелна експозиција на човековото тело навистина веќе нема добар спектакл.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Замрежи просторот околу, се се стесни, зашумолија нозе небаре газат во суво лисје, прогрмоти женски глас отсекаде: „Ќерко моја, иако моево тело е студено, иако моиве усни стрижат со сув ветер, скриена во длабоката скрвишница на земјата – мајка, мојава душа е топла!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Првин откри дека е тоа една убава црвена цреша и дека нејзиното тело е многу нежно и мазно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сѐ во телото е направено совршено.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Човекот само како тело е изложен на проклетството. Со својот неразвиен дух, е рамен на животното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)