телеграма (имн.) - дека (сврз.)

Тоа беше првиот внук на брат ми, и му го дадоа името Ернст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш по некоја вест ќе нѐ израдуваше, како кога стигна телеграма дека Софи, која три години пред тоа се беше омажила за фотографот Макс Халберштат и имаше заминато да живее со него во Хамбург, родила син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помислував на неа тие денови, кога на улиците гледав мајки како ги гушкаат своите синови кои во колони се враќаа од фронтот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На крајот од војната, кога за време на една од семејните средби во неговиот дом, Зигмунд ја прочита на глас тукушто пристигнатата телеграма дека неговите синови наскоро ќе се вратат од фронтот, помислив на Роза, но не се осмелив да ја погледнам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првпат се сретнав со нив, но чувствував обврска зашто во текот на целото време во партизани, татко му на Мане ми испраќаше пари.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Утредента отидов во Кавадарци да му се јавам на Мане ако може да дојде да се видиме, а тој ми одговори со телеграма дека јас треба одам кај него во Охрид.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)