Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зашто ако преповторуваш, тежината ќе те плесне врз земјата... ќе немаш сила да се кренеш...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)