Множење со нула
Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сѐ додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сѐ додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нѐ потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус
сѐ додека
не остане
и не стане
сѐ
прааззззннноооо
ОО 00 оо
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Истото тоа треба да го прави, но само во недела, и само ако има тегоби во стомакот, дробот, или ако го јаде средишница, и со Неделска Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А беше и нестрплив да се реши од оваа тегоба во којашто доброволно па дури и со ентузијазам влезе заради доброто на неговата прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)