тврдина (имн.) - на (предл.)

Врз еден од нив името на Фридрих Барбароса...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Виштат, топотат чужди коњици долж езерото, околу тврдините на Асамати и Пелагонија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постојано стравуваше во тие времиња да не му ја откријат и уништат библиотеката, најсилната тврдина на мистериите на тишината, во која посебно место имаше надежта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Будалесто лето: со малечката се нуркаа,собираа школки по песокот, се смееја пред фигуринките на голите танцувачки, шепотеа за делфините скриени во тајната одаја на миноската кралица, се јазеа по подјадената тврдина на Млетците или, со автомобилот, го сечеа островот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не, не може, туку така, преку ноќ, поради волјата на еден Сталин и неговиот верен следбеник во Албанија, речиси преку ноќ да се урне големата тврдина на народните морални вредности, со векови извишувана и во најмрачните премрежја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со цел да го спречи нивното навлегување, Византија изградила повеќе утврдени градови и тврдини на брегот на р. Дунав.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Изграден на реката Пчиња, а под тврдината на Кожле, пред стотина години, овој манастир му беше даден на доживотно уживање на серскиот митрополит Јаков, кој одамна не доаѓаше тука.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Makhzor молитвена книга за еврејските постови Maoz Cur Yeshuati првиот стих и името на молитва за Ханука, со значење: „Камена тврдина на спасението мое...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некои конзервативци, како оној Џеф од Ири, веќе веруваат дека универзитетите, особено англиските катедри, се тврдини на левичарскиот радикализам; други, пак, одамна ги сомничат високообразовните установи дека ги калапат студентите во екстремистички идеологии, ги наговараат да си се одречат од верското вјерују, ги расипуваат со алкохол и со дрога и ги претвораат во хомосексуалци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, оној друг свет од мрак не ќе може да ја пробие тврдината на нивните молитви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислеле така. Мислејќи, можеле да ги подадат ковчестите раце и подалеку од животот и со врвовите на прстите да минуваат по круг што го обележувале со вид.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се чини оти баба имаше многу посилни причини за да заминеме, отколку дедо за да останеме крај брегот на Езерото, во куќата која тој ја замислуваше како тврдина на останувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Опседната од маѓиите на сонцето се распаѓа тврдината на моите зборови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но Козар маало израсна во наша бела тврдина на животот крај големата камена тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега секоја куќа, како Калето, се претвараше во тврдина на стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка стоеше на прагот, како врата на нашата надеж, како колепка на нашите животи, како тврдина на нашата куќа, како гнездо на нашите надежи, заштитникот на нашиот дом, лебот на нашата сиромаштија, лекот на нашите болки, недогорената свеќа на нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)