твој (имн.) - пријател (имн.)

Ти и твоите папагалски повторувања на албанските топоними што ти ги рецитираат твоите пријатели, ’борците за човекови права‘!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Затоа што и тие, како и вие, не сфаќаат дека оваа ситуација нема да трае долго,“ рече Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А зошто инсистирале твоите пријатели да заминеш, ако не е навистина опасно да се остане овде?,“ прашав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Татко, - започнав можеби изнасилено со прашањата, како на пребрзо интервју - зошто никој од нас, ниту Мајка, ниту твоите пријатели, на кои им ги пренесе интересот и љубовта кон сиџилите, не успеавме да допреме до тајните што ги знаешза нив?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но кажи им на твоите пријатели дека заминувам лут“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Без колебање, откако од далеку се поздрави со Милета, им пристапи, рече: „Миле, посебно ме интересира дали некој од твоите пријатели чул за некој Едо Бранов! За такво име?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со твоите пријатели дискутиравте многу околу риболовот, неколкумина од нив беа страсни риболовци како и ти, па имавте нешто заедничко.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)