Во ниту еден случај, не можеш да наидеш на творец кој ќе каже, „Не сум добар поет како Конески, па наместо да ја тровам нацијата со лични творби, ќе ги учам неговите на памет и ќе ги декламирам во секакви пригоди“ Недстигот на таквата доблест, прави нашата книжевна средина да биде исчистена од авторитети.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Исто така, со оглед на различните пристапи како на естетичарите на рок и поп музиката, така и на психолозите кои првенствено се заинтересирани за психичките процеси вклучени во компонирањето и изведувањето на оваа музика, сѐ уште е тешко да се одговори на прашањето дали рок музиката е хемиски индуцирана, со директното влијание на хемиски потентните материи врз невронската активност на мозокот или, пак, е автентично човечка творба само поттикната со хемиски материи, додека сиот понатамошен процес се одвива според сите законитости на оригиналната творечка активност, карактеристична за творци кои не користат вештачки поттикнувачки средства.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ваквото мислење го делат не само научници туку и самите творци кои лично имале богати искуства со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Причина за тоа се нашите творци кои не успеаја да остават впечаток на сериозни, впечатливи луѓе кои можат замислено да гледаат во далечините.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)