Волшебникот Мелкијад од Макондо на Гарсија Маркез ги знаел сите тајни на алхемичарите од Македонија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Д-р Паскал Сотировски е горд на титулата, зашто вели дека таа му дава морални сили да продолжи посилно да работи на испитувањето на тајните на сончевите дамки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Македонските научници - астрофизичари со интерес и како своевиден раритет на посетителите им го покажуваат ова некогашно засолниште на љубовни авантури на француските кралеви, за да можат на ваков начин полесно да ве внесат во тајните на астрофизиката.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Некаде во тоа време, во тивките снежни зимски ноќи Рашела везеше сини шари на платната за својот мираз под будното око на мајка ми, која ја подучуваше девојката на нови, сложени везови, а самата го крпеше домашниот веш и нашите чорапи, непрекинато и со тивок спокоен глас кажувајќи ѝ којзнае какви сѐ не приказни за тајните на бракот и стапиците на животот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
3. Да се навлезе во тајната на ненапишаното е проблеснување, фатеното жарче што ја пече мислата.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Четврто: Никој не смее да ги предава тајните на дружината.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Разранети им се копитата од острото камење на бескрајните друмови на историјата.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Утринум, ноќем, секој со своја молитва ја возвеличува смртта или животот, сѐ дури Буда не го довика Исуса да му каже дека преминува но дека не ја открил тајната на преминот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Вистински владееше со уметноста на слушањето на другиот, особено кога тој продираше во тајните на неговата душа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Директорот на Институтот, како историчар, но и писател, беше навлегол во архетипските тајни на отоманското време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сиџилот беше нецелосен. Фрагментот во кој се криела тајната на семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Дали, откривајќи ги сиџилите, пишувани на старото, на архаичното арапско писмо, во кои сѐ уште се криеја тајните на хуруфистичките еретици, Татко продолжуваше да верува во задоцнетата светлина на спасот на Балканот!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со ова, не велиме едноставно дека тој ја сака Ренесансата и дека е исполнет со неа, особено по неговото живеење во Фиренца (во која допатува од Колумбија преку Шпанија и Париз), каде денес минува долги часови копирајќи ги мајсторите на Кватроченто, откривајќи ги тајните на нивните техники.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Многу години подоцна, уште еден великан, Жан Кокто се обидува да ги спознае тајните на опиумското искуство и, очигледно задоволен со доживеаното, во 1930. година, во книгата Опиум пишува: „Некои зборуваат за робувањето на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
3. Пено на загубениот простор На заскитаната планина по далечните врвои На детската возбуда пред тајната на плодот што узрева.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но имаше уште, оти кога клопчето на тајните се одмотува, подолго изгледа одошто кога оној што крие тајна го замотува: на следното ливче, о бедни и благоутробни, го најдов родословието мое, тајната на светиот крст на грбот што го носев!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа ноќ, откако го пуштивме сподобието грозно низ клучалницата на тајната на записот ин, јас, по указание и желба на отец Стефан ја украдов штичката што говори, од одајата на пречесниот Фиилозоф, кој во тоа време беше на молитва света.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Фаерабенд тврди дека самата замисла дека „оваа еднодневна мушичка, човечкото суштество, ова мало парче ништо“ ја открива тајната на постоењето е „луда“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Нека си ги имаат своите верувања, ако тоа ги усреќува, но да им се вели на малите деца „Токму ова е вистината“, значи да се оди предалеку”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не можеш да разликуваш што е небо, што планина – говореше старецот, понесен од тајните на далечините. –Дебелиот снег и густите бели облаци може да ги победи само топлиот ветар на љубовта со својата волшебна моќ.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нивото на неговата собрана храброст ја достигна потребната решителност, за првиот исчекор, кон средбата со себеси и во тој миг, со помалку сомнеж, се осмели да се нурне во откривање на тајните на сопственото битие. Пред вратата на сопственото огледало!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во најсуптилните пори на умот се крие тајната на животот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Како да навлезам во тајните на животот, сам, без твоја помош? - праша Еразмо, вртејќи се околу него, очекувајќи од разјаснувањето на старецот, да излезе чудото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И кога нема да го гледа така, ќе го осуди на смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Крвта на преварените сливи, или плодови на крушите горници, или никаквото грозје на овој крај, таа и слатка и погубна тајна на бладања и обиди да се надрасне човековата безначајност, ги ослободувала од внатрешни окови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Колку минало од тоа време - човечка воздишка, нели?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пиеле ракија живи и на чекор од белото молчење на игуменските гробови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
7 Брчки - мравји траги на грижи преку невисокото чело; очи - претпазливи жужалци во темномодри глобови со тајни на дното, црвеникав сињак во едномесечната брада ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговото умирање почнува од разранетите прсти беспомошни да го скинат синџирот на вратата или да го откопчаат катинарот: За него, слаб и начнат од пците на својот страв или на треската со многу жили во неговите жили, тајната на одајата е недостаслива.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сеќавањето е разбуричкано и покриено со 'рѓа на времето. немој дедо ти се заколнуваше да не му ја ископуваш тајната на младоста, рече гласот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Над него се надвиснуваат меѓусебни соговорници, и познати и непознати, и ја испитуваат со мисла и претпоставки тајната на заборавениот Осип Крстин, издржлив и на селски начин тврдоглав да чува нешто само за себе, нешто, и под јакуцка на мистерија, само негово.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури во почетокот на XVIII век ќе им успее на германскиот аптекар и алхемичар Ј.Ф. Бетгер и физичарот, минералог и математичар Чирнхаусен да ја откријат тајната на производството на порцеланот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Брзо дозна дека баклавата (од персиски blave) била традиционално познат заеднички десерт на сите народи на Персија и на Османската Империја, но станал и национален колач на сите земји на Балканот, на Средниот Исток и Магреб, а се проширил и во Грузија, Ерменија, Кипар...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше предизвикан да трага по генезата на името и тајните на баклавата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко инсистираше дека би можеле да се разгледуваат и паралелно зашто сите тајни на човековото постоење се во јазикот, вклучувајќи го тука и јаничаризмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа во мигот не можеше да ја разоткрие тајната на неговото необично расположение, но нејзините претпоставки дека тоа, сепак, е предизвикано од книгите, библиотеката, набргу се покажаа точни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од нашата рода во Измир дознав дека веќе добро си навлегол во правните студии, дури и си проникнал во тајните на адвокатурата!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кинезите долго време љубоморно ја чувале тајната на автентичниот порцелан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нивниот азимут ќе ги води кој тајните на сите каси.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Замириса големата тајна на општото прашање - зошто уметниците пијат, полигамичат и се стимулираат, криејќи го самите од себе сознанието за преданост кон садистичкиот мазохизам кој отсекогаш ветувал побрз пробив во општеството.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И така врховниот борец, новиот Југурта, не ја дозна тајната на вечноста на телото разделено од душата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Испрати тајно свои претставници во СССР со амин на Брежњев, да им ги пренесат тајните на мумификацијата на Ленин и Сталин. Му беше одбиена бесмртноста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Амбасадорите на Турција беа внесени во сите тајни на дипломатијата, од политичките до финансиските и конзуларните. Голема школа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И не се дозна дали во животот Ленин и Сталин имале илузии како Хабиб Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бен Али, како ретко кој министер уште во тие години, беше внесен во програмските тајни на компјутерите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зашто, тајната на владеењето е да се комбинира вербата во сопствената непогрешливост, со способноста да се учи од грешките од минатото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаме значи предочување на персонажа што персонифицира профил од балканската почва, во која се втиснати бројни тајни на страдањето: „...во тие бујни, побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил” – бележи авторот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, од ден на ден, трагајќи по тајните на Татковата библиотека којашто го претставуваше јасно тестаментот за семејството за идните времиња на Балканот, разбрав дека беше неостварлива замислата да се пишува за Татко без Мајкиното полвековно присуство во неговиот живот…
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од неа мошне брзо ги научи турскиот јазик и тајните на градинарството кои, подоцна, во животот на семејството, ќе бидат од драгоцено значење за неговото опстојување во годините на големата немаштија во туѓина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Си ја поставив пред себе целта, со пишувањето, преку страдањето и преку откривањето на причините за Мајкините солзи, да дојдам до неколкуте тајни на нејзиниот живот, до фрагменти од самиот нејзин живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Сепак, постојат некои шанси да се избегне најлошото, се шегуваше Раде со својот пријател Крстиќ, кој беше упатен во тајната на десетото зрно.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Човечето се чинеше пресреќно поради упатеноста во тајните на сезоните и на нивните бои.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Волшебната тајна на гласот твој ме буди
со копнежот пред-потопен болот ми го плоди,
од сегашноста ме краде, мајчинство ми нуди
небаре носталгија на боите, до исконот ме води.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Жена му бегаше од куќи кога доаѓаа офицерот и војниците, а луѓето му велеа: „Ете, што направи Полине, им ја оддаде тајната на непријателските војници...“ „Каква тајна?“ се чудеше тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога би можела на еден суптилен начин да одговорам на феноменот на постоењето, тогаш моето постоење без тебе и без нас заедно би било сурово и измачувачко.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Додека трчам кон твоите прегратки чукањето на моето срце се зголемува правопропорцијално со восхитот и воодушевеноста конечно да ѕирнам во деликатната и сензитивна тајна на твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Низ животот, низ годините, душата да ни остане чиста, да ја разбереме тајната на Бог и надежта дека еден ден сите страдања ќе завршат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие што сакаат да филозофираат или имаат време за размислување покрај обврските што ги наметнува баналното секојдневие, често размислуваат за смислата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А тајната на слушање на срцето е во вербата во самите себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И кој пат и да го изберете нема да згрешите ако тргнувате со чесни, искрени и благородни намери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не престанував да си го поставувам прашањето зошто Елен Лејбовиц не престануваше да ми пишува, да навлегува сѐ подлабоко во тајните на моето семејство предадено низ литературна транспозиција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Имав чувство дека пишував само за него, да го добијам неговиот благослов.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред да тргне за Деде-Агач, Евангелидис му ја открил тајната на Гарванов, со кого, поради Наумов, добро се познавал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сашо не можеше да разбере. Мал е за да проникне во тајната на толку сложени нешта.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)