тајна (имн.) - место (имн.)

Така Курназ, покрај дрвената нога се здоби и со дрвена трафика, едната со тајни места за криење, а другата со скришни места за шверцување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сал патот дамна оттука што минал ми буричка во некои тајни места и не престанува да ечи во мене.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пред секоја средба со Јасер Арафат чувствував длабока, необјаснива потреба да се видам со сето семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моите во Картагина го познаваа добро мојот ритуал на блискост, нежност, пред секое заминување на тајна средба во некое од тајните места во Тунис во кои Арафат се сретнуваше со своите приврзаници, новинари, амбасадори...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали ги знаат тајните места?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Човекот сјае однадвор И поради тој блескот Тешко ќе ги откриеш Скришните премини што водат Кон неговите тајни места: Кон фонтаната на милозливоста; Кон вулканот на гневот и на срџбата; Кон садот со пепелта на надежта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)