Ако пак тие мислат со нас да не се церемонат и да нѐ лажат Европа и нас со реформи што не ги исполнуваат, тогаш не ќе се зачуди Турција ако и ние ги обрнеме нашите погледи кон Европа и од неа бараме да се воведат во нашата татковина со сила тие реформи што се признаваат од силите европски за вистинска требност за успевањето на религиозно-националното и културното развивање на македонските рисјани 5.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кој можеше да ја предвиди оваа стратегиска варијанта меѓу учените генерали кои нѐ подготвуваа како да ја браниме татковината со нивните незамисливи стратегии?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во поранешна Југославија си бевме и припадници на народност, со што се изделувавме од другите државјани, зашто наводно сме си имале и друга, матична татковина со која, за волја на вистината, нѐ делеше една од најнепреодните и најнеминливите граници во светот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)