татко (имн.) - ќе (чест.)

Но штом татко ќе ги спомнеше козите, тој сиот ум го напрегнуваше да го разбере што подобро.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На пример: Кога таткото ќе ги обезбеди издржувањето, статусот и заштитата на семејството, мајката може целосно да ги вложи своите сили во грижата за малото дете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нели ветивте - како татко ќе ме слушате и почитувате? Да се срамам поради вас!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Одвај започна учебната година - а вие? Вака ли се договоривме?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дојде нашиот одделенски раководител - наставникот по општотехничко - загрижен и лут:
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овде запрев со мојата импровизација а потоа додадов: - Знаете, другар иследник, имам впечаток дека вие барате од мене и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: „Оној кој самиот ќе се одбрани тој е вистински одбранет“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А зошто не им го рековте тоа вие? Татковците се секогаш похрабри од нивните деца“ му велам јас но тој не се согласи со мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако им речеше на пример дека јас сум ти татко ќе видеше како лицата ќе им се преобразеа“, ми вели Даскалов и се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За нив местата во кои се родени нивните дедовци и татковци ќе бидат само спомен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Заминувате?,“ прашав. „Не веднаш, но сакаме што поскоро сѐ да спакуваме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни остана уште да одбереме кои од подароците што ги има добиено тато ќе ги земеме со нас.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Татковците ќе си ги крштаваат децата, пак се клештел Адам Лесновец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Трудни сме. Утре некој ќе треба да ни ги крштева децата во света водица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јоше млад и послушен ќе крши, што ќе прави, а татко ќе пие вино и ќе џвака ореви, ќе меле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко ќе се уморел, а Јоше не се уморувал од свирењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко ќе располага со книгата на Петар Скок, Prilozi proucavanja turcizma u srpskohrvtskom jeziku, објавена во Прага во 1938 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка ќе ми раздаде за душа, татко ќе ми запали свеќа и попот ќе ме спомене в црква, ако не на гробот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од татко ќе те одделат, од мајка ќе те одделат и сета мила родбина. (Песната стивнува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ај, свату, на здравје! За век! И на свадба да се радуваме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Убава мома ќе стане. Умна, разумна ќе биде. Мајка и татко ќе слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И еве, сега строен, млад, силен, на прагот на семејниот живот, Татко ќе се најде пред кревката сопруга Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа тато ќе ја обои куќата: покривот со црвена боја, ѕидовите на куќата со жолта, прозорците со кафеава, тревата околу куќата со зелена, а небото со сина боја.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ех, со колкава возбуда го чекаше мигот, кога тато ќе влезеше во кујната и ќе го викнеше: Пауза, народе!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Шал баба ќе ми сплете, за другото тато ќе плати, но времето загубено кој ли, кој може да ми го врати!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ТАТО Често мојот тато ќе ме чукне по рамо и ќе рече: - Сине мој, кажи, нели јас и ти сме вистински мажи?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Тебе, Брезо, еден ден ќе те убијам, а на тато ќе му бидам лут цел живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите викавме, а по некое дете и ќе се расплачеше од неочекуваниот снег во вратот, некоја мајка ќе се возлеше, некој татко ќе подвикнеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)